More

    Галант со остра критика кон францускиот претседател

    spot_img

    Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го нападна францускиот претседател Емануел Макрон откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на францускиот саем за оружје „Евронавал“, пишува Тајмс оф Израел.

    Галант притоа го нарече Макрон „срам на француската нација“.

    – Одлуката за дискриминација на израелската одбранбена индустрија во Франција по вторпат им помага на непријателите на Израел – рече Галант.

    Тој ја обвини Франција дека постојано води непријателска политика кон еврејскиот народ.

    Ова е вторпат во последните неколку месеци израелските одбранбени компании да бидат исклучени од учество на воен саем во Франција.

    – Ќе продолжиме да ја браниме нашата нација од непријателите на 7 различни фронтови и да се бориме за нашата иднина со или без Франција – најави Галан.

    Острите забелешки се последната ескалација во вербалната преписка меѓу Макрон и израелската Влада додека Израел ги засилува воените напади во Либан и во Газа.

    Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху исто така му возврати на Макрон откако францускиот лидер рече дека Нетанјаху „не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлука на ОН“.

    – Потсетување до претседателот на Франција: не беше резолуцијата на ОН тоа што ја основа државата Израел, туку победата постигната во војната за независност со крвта на херојските борци, од кои многумина го преживеаја Холокаустот – предупреди Нетанјаху.

    Макрон постојано повикуваше на прекин на огнот во Газа и побара на почетокот на овој месец земјите да престанат да го снабдуваат Израел со оружје насочено кон опколената енклава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img