Дарко Велковски, фудбалски репрезентативец на Македонија кој игра за хрватскиот прволигаш Риека и неговата сопруга, манекенката Тамара Чуприна станаа родители.
Тамара денеска на свет донесе машко дете. Манекенката на Инстаграм ја сподели среќната вест дека станала мајка, а го откри и името на нивниот син, ќе се вика Ведран.
Инаку, новопечените родители пред крајот на 2021 година стапија во брак. Дарко и Тамара направиле интимна свадбена веселба за семејството и пријателите.
На Инстаграм осамнаа фотографии од венчавката и од подготовката на невестата.
Тамара во септември објави дека за првпат ќе станат родители.
ФОТО: Инстаграм