More

    Грчките хакери се заканија ќе ја избришат Македонија од интернет просторот

    spot_img

    Во интервјуто направено за Европската агенција за сајбер безбедност, „Моќната грчка армија“ се пофали дека извршила напади врз неколку министерства во нашата земја, Владата, како и македонскиот Телеком и Народната банка. Сите споменати хакерски напади беа демантирани од македонска страна, но во својата последна објава на Твитер, грчките хакери велат ќе ја избришат нашата земја од интернет просторот.

    – Покрај сите тековни превентивни мерки, дополнително првичната истрага за евентуалната недостапност од одредени географски локации надвор од Република Северна Македонија во одреден временски период покажа дека нема наоди за прекин на достапноста на сајтот на Владата – велат за Плусинфо од владината прес-служба.

    Хакерската група го опиша и својот начин на работење. Прво наоѓаат ранлива и незаштитена мета, а потоа упадот може да го направи секој, дури и просечен хакер. Крајна цел е добивање доверливи внатрешни информации кои натаму можат да се искористат за финансиска или некоја друга корист. За таа цел беа прикажани и видеоснимки за кои тие велат дека се од безбедносните камери од министерството за министерството за образование и наука, но и за ова следеше демант од ресорното министерство.

     

     

    – Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично – се вели во реакцијата од МОН, при што даваат дека нивните системите се соодветно заштитени.

    Македонскиот експерт за сајбер безбедност, Сенад Аруч, на својот Твитер профил објави комуникација со хакерите кои го хакираа веб сајтот на МОН. Според разговорот, истите тврдат дека хакирале и други државни сајтови за што ќе објават докази во следниот период.

    – Успеав да стапам во контакт со хакерите кои тврдат дека го хакирале МОН и тие споделија „скриншот“ што го направиле за време на нападот. Како што велат тие, имало напади и на други институции и дека наскоро ќе ги објават деталите – вели Аруч во својата објава.

    – Во однос на хакерските напади и сајбер-безбедноста тоа е нешто што е највисоко на списокот на приоритети во нашето министерство, особено во ова време кога класичните војни се заменуваат со софистицирани начини на водење војни, како што се овие сајбер-војни – вели Петровска.

    Министерката додава дека државата има направено национална стратегија за хибридни закани, а министерството за одбрана ја има улогата на координатор на целиот овој процес, но и останатите институции се вклучени во рамките на своите надлежности.

    – Одржувањето на серверите во МО е обврска на лицата задолжени за тоа и мислам дека тоа се одржува на задоволително ниво. Морам да кажам дека, дури и да имало обиди, хакерите не ја оствариле својата цел, а тоа е да го пробијат безбедносниот систем – вели во гостувањето на Сител, министерката Петровска.

    Според повеќето експерти Македонија е ранлива по ова прашање, а кои потенцираат доколку сакаме информатичка безбедност, ни треба сеопфатно законско решение со кое ќе се подигне степенот на заштита од хакерски напади. Тие исто така повикуваат на поголема свест за сајбер заканите и учество на политичко – безбедносниот врв во изградба на посигурен информатички систем.

    Додека речиси сите нашите институции се пофалија дека безбедносните системи се во добра „форма“ и се спречуваат сите хакерски напади, пристигна нова посериозна закана од хакерската група „Моќната грчка армија“.

    – #OpenEndMacedonia продолжува – Крајот на С. Македонија/Скопје како и да ја наречете во сајбер просторот е близу, ќе ја избришеме нивната земја од интернет. Нивните најважни министерства и владини портали се веќе погодени, се очекуваат повеќе. Не се плеткајте со најдобрата група #PGA – стои во твитот објавен пред повеќе од 15 часа.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img