Фудбалерот треба да плати казна од 25.000 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов треба да плати казна од 25.000 евра поради начинот на кој го прославил влегувањето на Шалке 04 во првата германска фудбалска лига.

Имено, по завршувањето на натпреварот против екипата на Сент Паули и откако клубот на Чурлинов обезбедил влез во првата германска фудбалска лига, нашиот репрезентативец не можел да ја сокрие радоста, па запалил факел среде „Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен.

Ваквото однесување на македонскиот фудбалер не можело да пројде неказнето, а како што пренесуваат медиумите во Германија, надлежните во Фудбалскиот сојуз на Германија го казниле Чурлинов со неверојатни 25.000 евра.

TAGGED:
Share This Article