Французинот Тео се опарил на крипто-пазарот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Французин заработил 85 милиони долари (80,5 милиони евра) во низа облози на „Полимаркет“ (Polymarket) – пазар за крипто-предвидувања, којшто беше популарна платформа за обложување околу изборите во САД на коишто победи Доналд Трамп.

Според „Волстрит Џурнал“, човекот е француски државјанин и поранешен трговец, по име Тео. Засега тој не сака да го објави своето презиме. Американската компанија за блокчејн-анализа – „Чејнанализис“, пак, соопшти дека извршила вкрстена проверка и идентификувала 11 сметки на „Полимаркет“ со слични својства и особености.

Имено, овие сметки се полнеле во исто време, учествувале во обложувања и биле испразнети во исто време.

„Полимаркет“ засега не ги потврди наводите.

Обложувачот вложил вкупно 70 милиони долари (66,35 милиони евра) за победа на Трамп над Камала Харис. Добивката од 80,5 милиони евра добитникот ја потврди пред францускиот печат.

„Полимаркет“ е платформа за обложување пуштена во 2020 година, којашто прифаќа само облози во криптовалути. Следствено, технички, ваквото обложување е забрането за жителите на САД.

Share This Article