More

    Французинот ќе го враќа Баерн Минхен на шампионските патеки

    spot_img

    Зинедин Зидан е на чекор од тоа да стане тренер на Баерн Минхен, тврди „Мундо Депортиво“. 51-годишниот стручњак е слободен откако последен пат го водеше Реал Мадрид.

    Информациите наведуваат дека остануваат уште детали да се разговара пред да се потпише договор. Една од желбите на Зидан е да ја засили одбраната на Баварците.

    Баерн е во потрага по нов тренер откако се согласи да се раздели со Томас Тухел на крајот од сезоната. Германскиот колос најпрвин беше одбиен од Чаби Алонсо кој претпочиташе да остане во Баер Леверкузен, а денеска стана јасно дека Јулијан Нагелсман ќе потпише нов договор како селектор на Германија и нема да се врати на „Алијанц Арената“.

    Зинедин Зидан имаше две периоди на чело на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите три пати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img