Француските гиганти за луксузни производи LVMH, Kering, Hermès и Chanel во петокот објавија дека „привремено“ ги затвораат своите продавници во Русија, по инвазијата на земјата на Украина.
„Со оглед на околностите, LVMH жали за привременото затворање на своите продавници во Русија на 6 март“, рече портпаролот на LVMH.
Куќата за висока мода најави дека ќе донира пет милиони евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и „да продолжи да им исплаќа плати на своите вработени во Русија“, што е околу 3.500.
LVMH има 124 бутици во Русија.
Слични најави имаа и Шанел, кој има 17 продавници и 371 вработен во Русија и Хермес и Керинг, чие присуство во Русија е нешто помало.
Овие француски компании на тој начин се приклучија на голем број брендови кои во последните денови ја напуштаат Русија поради нападот врз Украина и воведувањето меѓународни санкции.
Членовите на Г7, исто така, ветија дека ќе ја зголемат хуманитарната помош за Украина.