More

    Францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучи интервенцијата на француската армија во Украина

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучи интервенцијата на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.

    Како што пренесуваат украинските медиуми, Макрон кажал дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се бори.

    – Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш не исклучувам интервенција во конфликтот – рече Макрон.

    Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, истовремено и владеењето на правото и општите правила.

    – И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање – заклучи францускиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img