Во вторникот Франција издаде забрана за користење на светлечки реклами во случај на „закана за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија“.
Како дел од напорите за зачувување на енергијата поради стравувањата од недостиг на снабдување, француското Министерство за транзиција на животната средина издаде регулатива за светло рекламирање.
Претходната регулатива, објавена на почетокот на октомври, предвидуваше целосна забрана за ноќно рекламирање помеѓу 1 и 6 часот по полноќ, со исклучок на аеродромите, железничките станици или метро станиците.
Последната мерка се однесува на сите реклами, вклучително и оние на аеродромите, железничките станици и станиците за јавен превоз, но без „загрозување на целите на јавната безбедност, националната одбрана и безбедноста на клучните објекти“.
Исто така важи и за внатрешно рекламирање доколку е видливо од улица.