Австралиските медиуми пренесуваат дека навивачите кои ги следат Олимписките игри се шокирани од цените на храната и пијалоците, но и од забраната на една ставка.
Имено, достапно е само безалкохолно пиво, кое на многу фанови не им се допаѓа.
Според Австралијците, францускиот закон од 1991 година ја забранил продажбата на алкохол на стадионите, освен ако не се служи со оброците, што значи дека такви пијалоци може да се набават само во ВИП угостителски објекти.
Што се однесува до цените, за минерална вода под половина литар треба да потрошите 3,5 евра, а за хот-дог 9,5 евра. Чизбургер е 11 евра, а помфрит 3,5 евра.
Пилешки сендвич е достапен по цена од 8,5 евра.
Најевтиниот чипс е 4 евра, а пуканките се уште поскапи.
Цените не се прифатливи за многу луѓе, но сигурно нема да влијаат на присуството на Олимпијадата во Париз.
Олимписките игри во Париз свечено се отвораат вечерва во 19:30 часот.