Франција ќе организира меѓувладина средба за Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА.

Министерот за Европа и надворешни работи Дриан, како што се вели во соопштенито на министерството, на 11 мај разговараше со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ИСИС во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.

-Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија – се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

Share This Article