Во понеделникот Франција и Италија постигнаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“, јавува Анадолија.
-„На 30 декември овие две земји испратија договор до француско-италијанскиот конзорциум Еуросам за производство на околу 700 ракети Астер“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
Според договорот, Италија и Франција ќе ги добијат Aster 15, Aster 30B1 и најновата верзија на Aster 30 B1NT.
Од министерството изјавија дека станува збор за една од најголемите нарачки, додавајќи дека ќе бидат потребни адаптации во целиот индустриски синџир.