More

    Фотографот ја зграпчил за градите пријателката на актерот?

    spot_img

    Неколку недели откако се соочи со нови обвинувања за силување, популарниот француски актер Жерар Депардје предизвика шок во Италија, пред популарна кафеана во главниот град, откако нападнал познат папарацо, пренесува Си-Ен-Ен.

    Депардје вчера бил на вечера со две жени во градината на барот „Хари“ на улицата Венето во Рим кога 79-годишниот Рино Барилари почнал да ги фотографира.

    Колумнист на римскиот дневен весник „Република“, Џани Риота, кој бил присутен кога се случил инцидентот, тврди дека од Барилари постојано барале да престане да фотографира.

    Додека познатиот фотограф го напуштал локалот, една од жените кои седеле со француската филмска ѕвезда, Магда Ваврушова, наводно го следела Барилари по улицата викајќи по него, а потоа се вмешал Депардје и почнал да го удира со тупаници.

    – Имаше многу крв – изјави Риота за медиумите.

    Адвокатката на Магда Ваврушова, Делфин Меје, изјави дека Барилари „насилно ја турнал“ нејзината клиентка пред нападот на Депардје, допирајќи ја со раката по градите.

    Според неа, Депардје се обидел да ја одбрани, а потоа „паднал врз фотографот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img