Припадник на агенцијата за обезбедување „Перпетумобиле“ од Охрид ,задолжен за транспорт на пари, на ден 15 -01-2023 година на улица „Туристичка“ во Охрид ,пред Градскиот пазар во Охрид веднаш до аптеката на „Зегин“ ,во 9 часот утрото пред неговото службено возило би пресретнат од три лица од Струга.Лицето Б.Х. од Струга кој бил заедно со уште две лица започнале да го удираат со безбол палки и пендрек вработениот во агенцијата за обезбедување „Перпетумобиле“ М.А. од Охрид ,при што од силата на ударите по главата и телото ,кај лицето М.А. се здобил со тешки телесни повреди во пределот на глава,рака и грб.М.А.бил итно пренесен во охридската билница,додека службено настанот во СВР Охрид бил пријавен на ден 16-01-2023 година.
Фото:Охридскај
СВР Охрид излезе со званично сопштение за настанот денес на 17-01-2023 гоидна :
„На 16.01.2023 година во 15.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз М.А.(42) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
“По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава”,истакнаа во своето соопштение СВР Охрид .