Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан, Виола фон Крамон денеска во Сараево изјави дека во случај да им се даде кандидатски статус на Молдавија и Украина, мора нешто да им се даде на земјите од Западен Балкан, што, како што рече, значи кандидатски статус за БиХ.
– Ние европските парламентарци секогаш велиме дека во случај да им се даде кандидатски статус на Молдавија и Украина, мора да им дадеме нешто и на земјите од Западен Балкан за да покажеме дека сме кредибилни и дека довербата во нас не е целосно изгубена – рече Фон Крамон.
Европската комисија неодмана ги предложи за кандидати во ЕУ, Украина и Молдавија.