Фолк дивата Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живоиновиќ-Боба се обвинети дека бесправно изградиле куќа на парцела во сопственост на државата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фолк дивата Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живоиновиќ-Боба се обвинети дека бесправно изградиле куќа на парцела во сопственост на државата, ексклузивно дознава српски „Информер“!

Според неофицијални информации, Третото основно обвинителство во Белград поднело обвинение против познат брачен пар поради сомнение дека од 2019 до 2020 година биле инвеститори во објект во Нов Белград кој бил изграден без одобрение за градба.

Како што дознава „Информер“, тие успеале да го изградат приземјето од цврст материјал и да ги изградат ѕидовите на првиот кат од куќата, без претходно да ја добијат потребната дозвола и потврда за пријавата на работењето.
Поради тоа, обвинителството ги товари како соизвршители за градење без одобрение за градба и предлага судот да ги прогласи за виновни и да им изрече условни казни, со определување затворски казни од најмалку осум месеци!

Имено, на Лепа Брена и Боба им се дава можност да избегнат затвор, доколку во следните две години не го повторат кривчното дело и платат казна од најмалку половина милион динари поединечно!

Минатата година во медиумите како бомба одекна веста дека Брена и Боба градат куќа на парцела во сопственост на државата, а немаат соодветна дозвола за градба.

Од тој момент брачната двојка се соочила со многу проблеми, а еден од нив е тоа што работниците кои останале без работа поради затворањето на градилиштето од страна на инспекцијата, бараат да им се исплатат изгубените пари. Се шпекулираше дека станува збор за сума од околу 20.000 евра.

Share This Article