Филмот со Том Хенкс „Човекот по име Ото“ (A Man Called Otto) од 2022 година во моментов е број 1 на стрим-платформата Нетфликс во САД.
Том Хенкс го глуми насловниот лик кој е немтур, но и несреќен, а сепак, топол лик. Ова е втора филмска обработка на романот „Човекот по име Уве“ од Фредрик Бакман. Претходниот филм заснован на книгата е снимен во Шведска, 2015 година и го задржа оригиналниот наслов. Оваа верзија ја режираше Марк Форстер, по сценарио на Дејвид Маги. Во „Човекот по име Ото“ играат Рејчел Келер, Мануел Гарсија-Рулфо и Маријана Тревињо како сосетката со која Ото почнува необично пријателство.
На Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5/10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле.
Овој филм е ѝ втора соработка меѓу Маги и Форстер. Остварувањето за првпат се појави во кино, почнувајќи со ограничени прикажувања во декември 2022 година, но изгледа дека својот врв го достигна на стрим-платформата.