Филипче вели дека нема време за славење, следи реорганизација на партијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Она што можам да го ветам е дека ќе направам сѐ за вашата доверба да не ја изневерам и да работам онака како што ветив и се обврзав, порача Венко Филипче вечерва од Бихаќка во првото обраќање како претседател на СДСМ.

– Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите наши граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи емпатијата, професионализмот, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да вбризгам принципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот, принципите на заедништво, другарство, заемна почит и отворена комуникација со кои ќе ја одликуваат СДСМ под моето раководство – рече новиот лидер.

Новиот партиски претседател со порака дека е време за обнова на СДСМ и многу работа.

– Нема време за славење. Следува период на реорганизација и реформа, согласно моите програмски ветувања, со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински и темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес – додаде Филипче.

Share This Article