Европскиот парламент уште денеска ќе ја разреши потпретседателката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница, откако таа беше уапсена во корупциски скандал поврзан со Катар, изјавија извори за ДПА.

Каили (44) веќе е суспендирана од должноста потпретседател на Европскиот парламент по нејзиното апсење поради обвиненијата за корупција во петокот.

Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ. Гласањето може да се одржи уште денеска.

Каили и уште тројца се уапсени под обвинение за учество во криминална организација, перење пари и корупција, според белгиското обвинителство.

Четворицата осомничени се обвинети дека влијаеле на одлуки на Европскиот парламент во корист на Катар во замена за пари и подароци. Катар ги негира наводите.

Share This Article