More

    Европската унија очекува да не се наруши конкурентноста со договорот со „Бехтел и Енка“

    spot_img

    ЕУ внимателно ги следи случувањата во врска со ова прашање. Бараме дополнителни информации за подобро да ја разбереме ситуацијата. ЕУ потсетува на важноста од почитување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и на усогласувањето со правото на ЕУ во контекст на процесот на пристапни преговори.

    Ова е одговорот на ЕУ на барањето на порталот МКД за нивен коментар за сите информации во врска со договорот на македонската влада со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

    Од Канцеларијата на ЕУ не одговорија на дополнителното наше прашање за тоа на што точно мислат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и ЕУ.

    Од повторното прегледување на оваа Спогодба од 2001 година може да се заклучи дека во овој случај се мисли на европските правила против ограничување и нарушување на конкуренцијата и на обврската за транспарентноста и нефаворизирањето на одредени претпријатија.

    Во случајот со „Бехтел и Енка“ се работи за директна спогодба без јавен повик, а договорот, според властите и натаму е деловна тајна, не е објавен и покрај барањето на јавноста да се објави целиот договор затоа што се работи за буџетски пари од 1,3 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img