More

    Европската куќа на фудбалот ја демантира Унгарија и се закани со санкции

    spot_img

    УЕФА експресно ги демантираше тврдењата на Унгарската фудбалска федерација дека дала дозвола за користење навивачки знамиња со карта на „Голема Унгарија“ и притоа се закани со можни санкции.

    „На наше изненадување, во медиумите пронајдовме информација дека УЕФА дозволила користење на такво знаме или транспарент на своите натпревари. За да избегнеме какви и да е несогласувања, сакаме да појасниме дека УЕФА тоа никогаш не го дозволила“, соопшти Европската куќа на фудбалот.

    УЕФА најави санкции доколку на натпреварите на унгарската репрезентација се појават знамиња со карта на „Голема Унгарија“.

    „Употребата на такви транспаренти или знамиња може да доведе со дисциплински мерки. Затоа, топло ви препорачуваме да преземете соодветни мерки за да спречите појавување на овие знамиња/банери на натпреварите“, предупреди УЕФА.

    Реакцијата доаѓа откако претходно денеска Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) соопшти дека добила дозвола од УЕФА и организацијата ФАРЕ да го користи знамето на таканаречената „Голема Унгарија“ на натпреварите од квалификациите за ЕУРО2024.

    Унгарската федерација објави дека навивачите ќе можат да ги користат овие знамиња на трибините, бидејќи УЕФА и ФАРЕ оцениле дека не станува збор за политички симбол.

    На знамињата е исцртана карта која ја претставува територијата на поранешна Унгарија, чии делови денес се наоѓаат во границите на Србија, Словенија, Романија, Украина, хрватска, Словачка и Австрија.

    Унгарија во евроквалификациите е во група со Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија.

    Го прашавме chat.openai.com за објаснување на приказната што стои зад знамето на „Голема Унгарија“. Еве го одговорот:

    „Големата Унгарија“ или „унгарскиот иредентизам“ е политичко движење кое се појавило кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, со цел враќање на териториите кои некогаш биле дел од Кралството Унгарија, но биле изгубени по Првата светска војна поради Договорот од Тријанон.

    Знамето на Голема Унгарија е симбол поврзан со ова движење. Дизајнот на знамето е поврзано со династијата Арпад, владејачка династија во Унгарија од 10 до 14 век. Грбот прикажан во центарот на знамето е исто така и историски симбол на Унгарија, кој го претставува суверенитетот и независноста на земјата.

    Знамето доби важност за време на унгарското иредентистичко движење, бидејќи поддржувачите на движењето се обидоа да го користат како симбол на нивната желба да ги вратат териториите изгубени по Првата светска војна. Како резултат на тоа, знамето стана контроверзен симбол поврзан со националистички, а понекогаш и ксенофобични чувства.

    Вреди да се напомене дека знамето на Велика Унгарија не е официјалното знаме на Унгарија, кое има хоризонтални ленти во црвена, бела и зелена боја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img