More

    Европа подготвува поддршка за индустријата поради стравот од бегство на компании во САД и Кина

    spot_img

    Лидерите на Европската унија се согласија да обезбедат „таргетирана, привремена и пропорционална“ поддршка за да се обезбеди иднината на Европа како производствена база за зелена технологија и да се спротивстави на американската и кинеската конкуренција, објави во петокот Ројтерс.Европската комисија предложи олабавување на правилата за државна помош за инвестиции во обновливи извори на енергија, декарбонизација на индустријата, водород и возила со нулта емисија, делумно како одговор на американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА).

    Имено, тој американски закон предвидува 369 милијарди долари субвенции и даночни олеснувања за американските производители во областа на обновливите извори на енергија и чистите технологии, поради што во Европа стравуваат од бегството на компаниите во САД.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е убеден дека преговорите меѓу трансатлантските партнери треба да ја ограничат дискриминацијата на компаниите со седиште во Европа.

    „Кога ја гледаме нашата конкурентност, мораме сами да си ја завршиме домашната задача и да направиме се за да немаме меѓународна трка во субвенциите“, рече Шолц по самитот на шефовите на државите на ЕУ во Брисел.

    Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) проценува дека глобалниот пазар на зелена технологија ќе се зголеми тројно до 2030 година, на 650 милијарди долари годишно.

    Постои широк отпор
    Европа сака дел од тој колач, но секторите кои вклучуваат производство на соларни панели, делови за турбини на ветер и батерии за возила доминираат Кина, со повеќе од 50 отсто од пазарот, пишува Ројтерс.

    Комисијата е подготвена да предложи законодавство што ќе ги забрза дозволите за зелени проекти, ќе го поттикне рециклирањето и ќе ги диверзифицира набавките за да ја намали зависноста од Кина.

    Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен рече дека тие ќе бидат претставени пред следниот состанок на лидерите на ЕУ на 22 и 23 март.

    Финансирањето се покажа како најконтроверзниот елемент на планот. Постои широк отпор кон заедничкото задолжување и одредена загриженост дека полабавите правила за државна помош ќе го нарушат внатрешниот пазар на ЕУ бидејќи субвенциите во двете најголеми економии, Германија и Франција, многу би ги надминале субвенциите во другите земји.

    Земјите како Холандија, Ирска, Чешка и нордиските земји изразија загриженост дека тоа би можело да доведе до прекумерни нетаргетирани субвенции и тврдат дека работата за подобрување на единствениот пазар на ЕУ би била поефикасна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img