More

    ЕВРОПА ЈА ДОЖИВУВА НАЈТОПЛАТА ЗИМА

    spot_img

    Високите температури овој јануари се рекордни во многу земји низ Европа, со соборени национални рекорди за највисоки температури во осум земји.

    Европа оваа година бележи блага зима, дијаметрално спротивно на Северна Америка каде снежните бури во декември однесоа повеќе од 60 животи.

    На европската страна на Атлантикот зимата е блага, барем на почетокот на годината.

    Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија се највисоки за зимскиот период од почетокот на водењето евиденција во тие земји.

    Во главниот град на Полска во неделата беа измерени 18,9 степени Целзиусови, а во Шпанија 25,1, што е повеќе од 10 степени над просекот.

    Температурата измерена во Варшава на 1 јануари била за 4 степени Целзиусови повисока од највисоката температура било кога измерена во декември, а во Белорусија се измерени 6,4 степени, за 4,5 степени повисока од претходниот рекорд.

    Во Шпанија температурите измерени на новогодишната ноќ во Билбао беа еднакви на просечната температура во јули, а во Каталонија, вклучително и главниот град на таа покраина, Барселона, властите наредија штедење на водата.

    Во Швајцарија температурите достигнаа 20 степени Целзиусови, а невообичаено топлото време негативно се одразува врз скијачката сезона на Алпите.

    Сепак, не е топло насекаде во Европа – ниски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, а Москва викендов ја очекуваат температури и до 20 степени под нулата.

    Велика Британија, Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најтоплата година од почетокот на евидентирањето податоци за температурата.

    Во Велика Британија секој месец минатата година беше потопол од просекот, со единствен исклучок беше декември кога снег имаше во многу делови од земјата, но и таму времето сега е поблаго и повлажно.

    Топлотните бранови станаа почести и поинтензивни и траат подолго поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор.

    Сепак, високите зимски температури го немаат истиот ефект како летните топлотни бранови, кои можат да предизвикаат зголемен број смртни случаи.

    Планетата веќе се загреа за 1,1 степени Целзиусови споредбено со прединдустриската ера и температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не ги преземат неопходните чекори за намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување, нагласува „Би-Би-Си”. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img