More

    Европа дава зелено светло за употреба на западно оружје и на руска територија

    spot_img

    Чешкиот премиер Петр Фијала пред денешниот состанок со претставници од Полска, Данска, Холандија и Летонија за помош за Украина, изјави дека земјата, бидејќи била нападната, има право да користи западно оружје и за цели на територијата на Русија.

    – Сметам дека тоа е сосема логично. Украина е земја која се брани од руска агресија, ја штити својата територија и своето цивилно население. Како земја која е нападната, таа секако има целосно право да ги искористи сите можности за своја одбрана – рече Фијала за апелот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг сојузниците да го укинат ембаргото за цели во Русија за оружјето што го испратиле.

    Чешкиот премиер ги демантираше вестите во неколку германски медиуми дека некои сојузници на НАТО размислуваат да испратат свои војници во Украина доколку ситуацијата на фронтот драстично се влоши за да не чекаат да се појави руската армија на нивните граници.

    – Тоа се работи кои се појавуваат некаде во медиумите. Тоа не е нешто што би било на маса во овој момент. Ние се обидуваме да ги искористиме методите за поддршка што ги развивме во последните две години и се обидуваме тие методи да ги направиме што е можно поефикасни и да и овозможиме на Украина да се одбрани – рече чешкиот премиер.

    Фијала посочи дека на денешната работна вечера ги поканил претседателот на Полска и премиерите на Данска, Холандија, Летонија и Украина токму за подобра координација и зголемување на помошта за Украина во оружје, како и финансиска и хуманитарна помош.

    – Во тешка фаза сме, украинската одбрана е во многу тешка ситуација, но мислам дека некои чекори, секоја иницијатива за муниција и фактот дека САД одобриле помош и сега целосно и помагаат на Украина, може да ја сменат ситуацијата на фронтот – рече Фијала.

    Чешкиот премиер потврди дека во јуни на фронтот ќе пристигнат првите пратки со муниција од иницијативата што Чешка ја покрена во февруари, а во која се вклучија повеќе од 20 земји, за итна набавка на 800.000 парчиња артилериска муниција за украинската армија.

    Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје.

    – Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се борам против оној што ме напаѓа од моја територија. Потребна е рамнотежа меѓу ризикот од ескалација и потребата Украинците да се бранат – изјави Борел пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

    Во европските градови се води расправа за тоа дали на Украина треба да и се дозволи или не да го користи оружјето што и го дадоа западните земји за да гаѓа цели на руска територија.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека го поддржува тоа, но неколку земји кои се сојузници на Украина, вклучително и Германија и САД, се воздржуваат и стравуваат од директен конфликт со Москва.

    Германската државна секретарка за одбрана Сиемтје Молер денеска го повтори категоричното противење на Берлин.

    – Германија донесе суверена одлука – рече таа.

    Украина редовно врши притисок врз своите западни партнери, особено Вашингтон, кој е нејзин главен снабдувач со оружје, да одобри употреба на западно оружје со поголем дострел против цели во Русија.

    Столтенберг вчера изјави дека Киев „има право да се брани“ и затоа „има право да гаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“.

    Неколку европски земји, вклучувајќи ги Естонија и Холандија, поддржуваат таква опција.

    – Никогаш не сум ја исклучила и се надевам дека другите земји кои имаат поинаков став ќе го променат -изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен по пристигнувањето на средбата во Брисел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img