Евроамбасадорот Гир најави добри вести за судските реформи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Врховниот суд на Република Северна Македонија, според шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, е успешна приказна и пример за работа која има одличен учинок и ја зајакнува сопствената улога како клучна судска институција.

Амбасадорот Гир, во својот говор по повод одбележување на 31 март „Денот на правосудството”, организиран од Здружението на судиите на Севена Македонија додаде дека исто така, добри вести доаѓаат и во однос на спроведувањето на стратегијата за судски реформи 2017 – 2022, каде има значаен подобрување на законската рамка околу работатa на судството. Меѓутоа амбасадорот Гир, истакна дека сепак, има многу што да се направи за судството да го задоволи и најгласниот критичар, општата јавност, за да ја придобие нејзината доверба и почит.

– Некои од овие предизвици може преку практични чекори да се решат во краток рок, како решавањето на прашањето на платите на судиите и подобрување на нивните материјални услови за работа, целосно спроведување на буџетот доделен на судството, чекори кон унапредување на процесот на дигитализација како најдобар гарант за транспарентност и непристрасност, строгото применување на подзаконски акти и методологии од правосудството и забрзување на примената на стратегијата за човечки ресурси за судовите и обвинителствата – рече Гир.

Како загрижувачки факт Гир, ја потенцира ситуацијата со тоа што над 60 судии ќе се пензионираат до крајот на годинава, чекор на кој не му претходела здрава анализа или проекција на ефектот и кој може да се преразгледа додека да се обезбедат соодветни податоци и да се преземе дејство врз основа на стратегијата за човечки ресурси.

– Другите важни реформски чекори бараат посветеност и упорност. Би ја подвлекол потребата за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да бидат одлучни во зајакнувањето на независноста и професионалноста на правосудството, односно правосудството да биде ослободено од партиски, политички, финансиски и други надворешни влијанија – рече Гир.

Новата стратегија за правосудна реформа 2023 – 2027, која се подготвува според амбасадорот Гир е важно да се оформи согласно клучните вредности: независност, непристрасност, интегритет, еднаквост, компетентност и истрајност и совесност.

Share This Article