Еве зошто Јокиќ ѝ изгубил две бурми на сопругата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот кошаркар Никола Јокиќ се врати во Денвер и ги започна подготовките за новата сезона. Тренинзите веќе започнаа, српскиот играч доминираше на паркетот, додека надвор од теренот откри неколку интересни работи. Зборуваше за своите коњи, Олимпијадата, но откри и дека ќе мора да прекине еден ритуал.

Првата тема беа неговите коњи, тој рече дека добил повеќе коњи за неговото омилено хоби.

– Да, уште шест. Се викаат Капетан Џог, ​​Тајм Флајс (време лета), Париз Ривер, Тактикал…нешто така. Ирвинг и…го заборавив името на последниот – искрен е Никола.

Кошаркарот не размислуваше многу кога го прашаа кој е неговиот омилен спомен од ова лето.

– Олимписките игри. Играв со моите пријатели и ја претставував мојата земја. Посебно чувство и посебни емоции.

Никола пред натпреварите има еден потег кој воодушеви многумина. Тој ја вади бурмата од раката и ја закачува на врвките од чевлите и на тој начин игра натпревар со прстенот. Тоа повеќе нема да го прави, делумно поради сопругата Наталија.

– Не, го изгубив првиот, а потоа и вториот прстен што ми го подари сопругата, па тоа веќе нема да биде традиција – се смее Никола.

На крајот го прашале кога почнал да сонува да игра во НБА.

– Никогаш не замислував и сонував, па веројатно тоа беше кога бев избран на драфтот – заклучи Јокиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article