За неколку туристи во Грција, годишниот одмор се претворил во кошмар – Еве што вели шефот на грчката спасувачка служба за умирањето на туристи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За неколку туристи во Грција, годишниот одмор се претворил во кошмар. Сè повеќе извештаи за исчезнати туристи, а некои од нив потоа ги наоѓаат починати.

Серијата исчезнати ја почна познатиот ТВ водител Мајкл Мозили, кој подоцна беше пронајден мртов на една планина. Се претпоставува дека паднал во провалија од жештината, и починал.

Досега загинаа петмина туристи, а се зголемува секојдневно бројот на исчезнувања.

Можна причина за оваа серија на исчезнувања и смртни случаи е невниманието на туристите во ек на пеколни температури во Грција, сооштува шефот на спасувачката екипа на остворот Самос, Димитри Катазис, кој апелира туристите да бидат повнимателни.

– Излегуваат на отворено на 41 степен без капа или шешир. Тоа е надвор од секоја логика, и тоа е кобна грешка – рече Катазис.

Манусос Ставракис, туристички водич од Крит рече дека туристите често ги преценуваат своите можности.

– Некои луѓе го почнуваат патувањето во несоодветни обувки, не се заштитуваат од сонцето, и не земаат вода. Покрај тоа многу туристи не се запознаети со оваа област. Ако се загубите, тоа може да биде кобно за вашиот живот – изјави Ставракис.

Share This Article