Еве што ѝ порачаа граѓаните на статусот на Костадиновска Стојчевска

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Многу храбро вака на Фејсбук“, „Што не го кажавте ова на говорница?“, „Зошто сте пратеничка“, се само дел од коментарите кои граѓаните ги оставија под статусот на пратеничката од СДСМ и довчерашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, преку кој таа порача дека новиот собраниски спикер Африм Гаши го прекршил Уставот и Законот за македонски јазик со тоа што заклетвата ја даде прво на македонски, а потоа на албански јазик.

„Новиот Претседател на Собранието на Република Северна Македонија го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав. Истото го стори и претседавачката на конститутивна седница на Собранието, пратеничката Мерита Колчи Коџаџику. При тоа, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ од тесно-коалициони и тесно-партиски причини немаа ни капацитет, ни причина, ни порив да помислат спротивно на ваквиот анти-македонски чин. Зошто е скандалозно свечената заклетва да се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик?

01. Затоа што македонскиот јазик е првиот официјален јазик на Северна Македонија, а потоа следат другите, не помалку важни јазици, но утврдени со Устав согласно процентуалната застапеност на граѓаните кои го зборуваат.

02. Јазикот не е и не може да биде личен или етнички механизам за политичко поентирање – јазикот е средство за службена и друг тип комуникација.

03. Претседател на Собрание може да биде и етнички Албанец, и етнички Македонец и било кој друг пратеник за кој владејачките партии ќе се договорат, но прв официјален јазик во Северна Македонија е македонскиот јазик.

04. Единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик – сигурна сум дека денешната конститутивна седница има и силен меѓународен одек.

При тоа, потсетувам дека Гаши не е првиот претседател Албанец на Собранието на Северна Македонија. Тоа претходно во два наврати беше Талат Џафери и тој не го повреди духот на македонскиот Устав и заклетвата ја даде пред сѐ на македонски јазик. Потсетувам и дека Вулнет Старова, Албанец е последниот претседател на делегатското собрание на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција беше избран на конститутивната седница на Собранието од четвртото делегатско свикување на 28 април 1986 година, кога беа избрани и новите состави на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание, каде се говореше исклучиво на македонски јазик. Покрај македонскиот јазик, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда. Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите“, порача меѓудругото Костадиновска Стојчевска.

Поранешната министерка, а сега пратеничка ова не го кажа од собраниската говорница за време на конститутивната седница, туку преку „Фејсбук“, на што следеа остри реакции на нејзиниот пост.

Тоа што ни таа и ниту еден од нејзините сопартијци од СДСМ кои добија пратенички мандати во новото Собрание не се јавија за збор и не станаа ни еднаш да учествуваат во дискусијата која се водеше вчера, ги разлути и граѓаните, но и останатите членови на СДСМ.

- Advertisement -
Ad image

Прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ од однесувањето на пратениците од СДСМ, а му се придружија и многу други сопартијци.

Слична реакција имаше и од Стефан Богоев, според кој пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за да аргументираат и да дискутираат во Собрание, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на Фејсбук.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article