Еве кога и каде Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски јавно ќе ги вкрстат копјата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ни го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки „ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објави Канал 5 телевизија.

Каков претседател ѝ треба на државата? На каква платформа ќе нѐ очекува од ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Што се црвените линии на Ковачевски, а што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА“, во Само Вистина, среда 03 Април 18.30 часот!!, се вели во објавата на Канал 5 телевизија.

Share This Article