По првичните неофицијални резултати од претседателските избори на кои со 136.000 гласови води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се огласи и осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.
„За секта, секташки резултат!!!! АЈ ПРИЈАТНО, БАЈ БАЈ БЕЈБИ БАЈ!!!“, напиша тој на Фејсбук.
Боки 13 деновиве стана повторно актуелен откако гостуваше на поткастот на Стефан Лазаров, каде што, меѓу другото, изјави дека „СДСМ е секта која се убива меѓу себе. По овие избори, СДСМ нема да постои како партија“.