Руските власти наредија евакуација во Белгородската област, на границата со Украина, пред офанзивата на украинските сили утринава.
„Има непријателски активности на границата на областа Краснојаруш“, рече гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков на Телеграма.
Тој апелираше до жителите на овој крај да се преселат „на побезбедни места“.
Областа Краснојаруш има околу 14.000 жители.
Евакуацијата во Белгородската област се врши во време кога руската армија се соочува со украински вооружен упад во областа Курск во кој, според украинската страна, учествуваат илјадници војници.