Европската унија во вторник ќе потпише договор со непознат производител на вакцини за приближно 100.000 дози вакцина против мајмунски сипаници кои ќе бидат испорачани кон крајот на јуни, потврди еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.
По состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, Киријакидес рече дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондовите на ЕУ и ќе бидат доставени до земјите-членки на ЕУ.
Таа додаде дека во ЕУ досега се пријавени 900 случаи на инфекција со мајмунска сипаница.