Едно лице загина, а две се повредени денеска на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, каде што азербејџанските сили пукаа во возило на ерменските сили, соопштија денеска властите во Ереван.
„Денеска, по пукањето на азербејџанските вооружени сили врз возилото на ерменските сили кое превезувало опрема за војниците, едно лице загина на ерменска страна, а две се повредени“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
Нападот се случи откако речиси целото население од енклавата Нагорно Карабах си замина.
Во еднодневната воена кампања која започна на 19 септември, азербејџанската армија силно ги порази сепаратистичките сили на Ерменците, кои имаа недостиг од жива сила и оружје, па беа принудени да капитулираат.