Шведска и Финска одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Им кажавме на Шведска и Финска: за да ви биде одобрено членството во НАТО, треба да ни предадете околу 130 терористи. За жал, тоа не беше сторено“, рече Ердоган, говорејќи во Мугла.
Тој истакна дека Шведска конкретно одбила да го екстрадира новинарот Булент Кенеш, кој беше осуден на затворска казна во Турција.
Портпаролот на турскиот претседател во четвртокот рече дека напредокот за членството на Шведска во НАТО е невозможен додека Стокхолм не стави крај на терористите кои дејствуваат во земјата.
Шведскиот амбасадор во Анкара во четвртокот беше повикан во турското Министерство за надворешни работи, каде што доби протестна нота против пропагандата на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Стокхолм против претседателот Таип Ердоган.
На 18 мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за пристапување во Алијансата. Засега апликациите на Шведска и на Финска за НАТО не се ратификувани само од само две земји од 30 – од Унгарија и од Турција.