More

    Ердоган: Не е возможно Турција позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за пристапување во НАТО

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не е возможно Турција позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за пристапување во НАТО. Тој рече дека двете земји се дом на многу терористички организации, јавува Ројтерс.

    Веќе 70 години Турција го поддржуваше проширувањето на Алијансата, но сега е против.
    – Како Турција, не сакаме да повторуваме слични грешки. Понатаму, скандинавските земји се гостилници за терористички организации. Тие (организации) се дури и делови од парламентот во некои земји. Не е можно ние да бидеме „за“ – додаде тој.

    Во меѓувреме, Русија се спрема за одговор на можното членство на Финска и Шведска. Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со членовите на Советот за безбедност за потенцијалното членство на Финска и Шведска во НАТО. Кремљ вчера соопшти дека намерата на Финска да се приклучи на воениот блок предводен од САД е непријателски потег што ја загрозува безбедноста на Русија, и вети дека ќе одговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img