More

    Ердоган ќе го посети Каиро после 12 години

    spot_img

    Турција одобри испорака на борбени беспилотни летала на Египет, а се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган набрзо да го посети Каиро.

    – Процесот на нормализација на односите е завршен во голема мера. Односите помеѓу двете земји се важни за безбедноста и трговијата во регионот, се договоривме да им обезбедиме беспилотни летала. Мора да имаме сериозни односи со Египет поради безбедноста во Медитеранот – изјави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

    Турските медиуми објавија дека Ердоган ќе го посети Каиро на 14 февруари и ќе се сретне со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси, кого претходно го опиша како „пучист“.

    Последната посета на Ердоган на Каиро беше во ноември 2012 година, кога тој беше премиер. По државниот удар на Ел-Сиси во Египет во 2013 година, двете земји ги отповикаа амбасадорите од Каиро и од Анкара.

    Зближувањето помеѓу Ердоган и Ел Сиси се случи во ноември 2022 година во Катар, на маргините на Светското првенство во фудбал, а во јули 2023 година Турција го врати амбасадорот во Египет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img