More

    Ердоган „амнестирал“ 7,4 милиони одобренија за градба за година ипол

    spot_img

    Снимка од петкатница во најтешко погодениот турски регион Кахранмарш која стои наведната по разорниот земјотрес, а се гледа дека воопшто нема темели го обиколи интернетот. Турските медиуми пишуваат дека постои сериозен проблем во градежништвото. Повеќе од 7,4 милиони одобренија за градба биле издадени во текот на година ипол низ 2018 година, а сега се апсат изведувачи, градежници, инженери. Ердоган тогаш година направил закон за „амнестија“ на зградите изградени вон прописите, а сега е под големи критики, пишува и тврди Фајненшл Тајмс.

    Критиките се дека Ердоган го сторил сето тоа поради купување на гласови за тогашните претседателски избори. Во реалноста оваа амнестија ослободила милиони згради од нивните структурни дефекти. Преку легaлизација на градбите од даноци биле собранни 24 милијарди турски лири, што е околу 4,2 милијарди долари, објави турското Министерство за животна средина.

    Експертите во Турција се сè погласни со ставот дека оваа амнестија го отворила патот за пеколни катастрофи. А сега се апси. Издадени се 113 налози, а 12 лица се веќе уапсени.

    Дујгу Џихангер Рибеиро, професор на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара и член на одборот на Турската комора на урбанисти, рече дека „големиот опсег на амнестијата“ се однесува на „речиси сè што може да се гради незаконски“.

    По катастрофата на 6 февруари, Кемал Киличдароглу, шеф на опозициската партија ЦХП, рече дека владата со амнестијата ги претворила „куќите во гробови“ и згора на тоа „зела пари за тоа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img