Ер Србија стана целосна сопственост на државата, бидејќи ги презеде акциите на арапската авиокомпанија Етихад Ервејс, која беше единствениот инвеститор до сега.
Република Србија стана 100% сопственик на Ер Србија, објави во понеделникот српскиот министер за финансии Синиша Мали. Ер Србија стана целосна сопственост на државата откако Србија ги презеде преостанатите 16,42 отсто од акциите на арапската авиокомпанија Етихад Ервејс.Во изјавата за медиумите во понеделникот, Мали објасни дека авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати, Етихад Ервејс, е партнер и косопственик на Ер Србија од 2013 година. Според него, тие одлучиле да ја напуштат Ер Србија поради нивните сопствени деловни одлуки.
Ер Србија е создадена во 2013 година, кога Етихад Ервејс презеде 49 отсто од акциите на тогашниот ЈАТ Ервејс. Етихад го намали својот удел на 18 отсто во 2020 година, а на нешто повеќе од 16 отсто минатата година.
Мали најави дека по преземањето на акциите од „Етихад“ ќе се фокусираат на понатамошен развој на компанијата, вклучително и купување на големи авиони и отворање на нови дестинации. Истовремено, тој нагласи дека „Ер Србија“ денес е најголемата авиокомпанија во регионот, која лета на четири континенти.