Светската здравствена организација соопшти дека распоредува експерти за поддршка на здравствените власти во Демократска Република Конго да истражат сè уште недијагностицирана болест поврзана со повеќекратни смртни случаи во оддалечена област на земјата, објави Ројтерс.
Експертите на СЗО се на пат кон Панци, локалитет во југозападната провинција Кванго, каде што ќе достават основни лекови и дијагностички комплети за да помогнат во анализата на причината за болеста.
Се истакнува дека повеќе информации за болеста ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни. СЗО соопшти дека досега се пријавени 394 случаи и 30 смртни случаи во Панзи, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство на Конго.
Претходно оваа недела, локалните власти објавија дека од непозната болест во ноември починале 143 лица во тој регион.
Според СЗО, симптоми на болеста се главоболка, кашлица, треска, отежнато дишење и анемија.