Двајца еко-активисти во германскиот музеј во Потсдам фрлија пире од компири врз слика на Клод Моне што беше продадена на аукција во 2019 година за 110 милиони долари, пренесува Мондо. Тие влегле во музејот облечени во портокалови флуоресцентни елеци и фрлале од пирето, а потоа клекнале под сликата за да се фотографираат.
Оваа акција е само една во низата слични акции спроведени од еколошки активисти низ Европа. Слична акција беше спроведена и во Лондон кога две активистки фрлија супа од домати врз слика на Ван Гог.
Го поставуваме истото прашање на општеството како двете жени со супата од домати во Националната галерија во Лондон минатата недела: „Што вреди повеќе, уметноста или животот?“ Сè повеќе луѓе одбиваат да прифатат уништување и загрозување на човечки суштества, одбиваат да го прифатат животот во молк“, напишаа на својот Твитер профил групата активисти одговорни за инцидентот.