More

    Египет се повлекува од мировниот договор со Израел

    spot_img

    Египет се закани дека ќе го суспендира мировниот договор со Израел ако израелската војска влезе во густо населениот пограничен град Рафа во Газа. Борби во тој град би можеле да предизвикаат затворање на главната рута за снабдување на палестинските територии, предупредија двајца египетски функционери и еден странски дипломат. Сите три спомнати извори ги потврдиле заканите на Египет.

    Катар, Саудиска Арабија и други земји исто така предупредија на сериозни последици ако израелската војска влезе во Рафа.

    На заканите да се суспендираат договорите од Камп Дејвид, каменот-темелник на регионалната стабилност речиси половина век, им претходеше оценката на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху дека е неопходно испраќање војници во Рафа за да се извојува победа во четиримесечната војна против палестинската исламистичка организација Хамас.

    И покрај предупредувањата од меѓународната заедница за потенцијално крвопролевање во градот, каде што се засолниле повеќе од милион раселени Палестинци, Нетанјаху тврди дека претстојната офанзива е клучна за уништување на палестинското движење Хамас. Нетанјаху притоа наведе дека израелската армија пред нападот врз Рафа ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“.

    Повеќе од половината од 2,3 милиони жители на Газа избегаа во Рафа од конфликтите во другите области и сега живеат во шатори и засолништа на ОН крај границата. Египет стравува од масовен прилив на стотици илјади палестински бегалци на кои можеби никогаш не би им било дозволено да се вратат.

    Организациите за помош во меѓувреме предупредија дека офанзива во Рафа би ја влошила веќе катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа каде околу 80 отсто од жителите се избркани од своите домови, а според ОН четвртина од популацијата гладува. Копнена офанзива во Рафа би можела да доведе до затворање на граничниот премин за испорака на неопходните храна и лекови.

    Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема воена операција во Рафа „без сигурен и остварлив план“ за заштита на населението во тој град, објави Белата куќа.

    „Во телефонскиот разговор со Нетанјаху, Бајден истакна дека воената операција во Рафа не треба да се одвива без сигурен и остварлив план, кој гарантира безбедност на повеќе од милион луѓе, кои нашле засолниште таму, соопшти Белата куќа.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел претходно на Твитер објави дека израелските планови за воена офанзива во Рафах во Појасот Газа се „алармантни“ и таквата операција ќе има катастрофални последици, влошувајќи ја и онака лошата хуманитарна ситуација.

    Палестинското исламистичко движење Хамас предупреди дека израелската офанзива против Рафах може да предизвика „десетици илјади загинати и повредени, за што американската администрација, меѓународната заедница и израелските окупатори ќе сносат одговорност“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img