More

    Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека состојбата е алармантна

    spot_img

    Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, вчера гo посети Центарот за социјална работа Битола каде било разговарано за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош.

    – Наредниот период треба да се посветиме на ставење на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници. Алармантна е состојбата во сите градови низ Македонија исто како и во Битола. И покрај барањата на домот Сју Рајдер, во овој дом не дошол министер да ги посети 7 години. Центарот кубури со кадар, а луѓето се оставени да се грижат сами за себе бидејќи има само 7 медицински лица на 150 луѓе. Овие луѓе сместени овде се стари лица, пензионери кои никој не најде за сходно да ги слушне нивните барања. Пензионерите го истакнуваат проблемот којшто за жал од август 2023 година само се провлекува, тие протестираат, излегоа во голем број и бараат да се исполнат нивните права, но жално е што никој не ги прими долг период. Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така што тоа се две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади денари пензија. Состојбата е навистина алармантна и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас – истакна Велковски од Битола.

    Ова е болната вистина до каде е доведена Македонија и болната судбина на македонскиот пензионер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img