Жените имаат помала веројатност од мажите да бидат реанимирани на јавно место доколку ја изгубат свеста и нивното срце престане да чука, покажа новото истражување.
Истражувачите сугерираат дека случајните минувачи може да бидат „загрижени да ги повредат или допираат жените“ што би можело да ги спречи да обезбедат спасувачка кардиопулмонална реанимација (CPR) на улица или на други јавни места.
Тие ги повикаа луѓето да научат како да ја спроведат процедурата за CPR и да ја применуваат „без двоумење“ на секој што има потреба, без разлика на возраста, полот или локацијата.
срцев удар – кога нивното срце одеднаш престанува да чука.
Тие анализираа податоци за повеќе од 39.000 срцеви застанувања надвор од болница во Канада и САД помеѓу 2005 и 2015 година.
Речиси една четвртина (23 проценти) се случи на јавни места. Просечната возраст на заболените била 67 години, а 29 отсто од случаите биле жени.
Случајните минувачи оживеале само половина од пациентите (54 проценти).
Научниците откриле дека жените на јавни места имаат 28 отсто помали шанси да бидат реанимирани во споредба со мажите.
Во домовите и другите приватни средини, полот не бил поврзан со тоа дали лицето било реанимирано или не.
Според студијата презентирана на Европскиот конгрес за итна медицина во Барселона, научниците откриле дека постарите луѓе имаат помала веројатност да оживеат на приватни локации.
На секои 10 години, мажите имале околу девет проценти помала веројатност да бидат реанимирани за време на срцев удар, а жените три проценти помалку.
Презентирајќи ја студијата, д-р Силви Косет, од Институтот за срце во Монтреал во Канада, рече дека „тие ја направиле оваа студија за да се обидат да ги откријат факторите кои би можеле да ги обесхрабрат луѓето да вршат CPR, вклучувајќи ги и сите фактори кои би можеле да ги одвратат од правење CPR – и кога станува збор за жените“.
„Би сакале подетално да го проучиме ова прашање за да разбереме што се крие зад родовата разлика. Ова би можело да ни помогне да се осигураме дека секој на кој му е потребно, без разлика на пол, возраст или локација, ќе добие процедура за CPR“, додаде таа.
Д-р Алекси Корнаје од „Hopital du Sacre-Coeur de Montreal“ во Канада, додава дека „во итни случаи кога некој е во несвест и не дише правилно, случајните минувачи треба да направат CPR и да се јават на 911. Ова ќе му даде на пациентот многу подобри шанси за преживување и закрепнување“.
„Нашата студија покажува дека жените кои доживуваат срцев удар имаат помала веројатност да бидат реанимирани во споредба со мажите, особено ако итниот случај се случи на јавно место. Не знаеме зошто е тоа така, додаде д-р Корнаје.