More

    Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива

    spot_img

    Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.

    – Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги – рече Чадеж.

    Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар.
    До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан.

    Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата.

    Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот.

    Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB).

    После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img