More

    Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа

    spot_img

    Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус.

    Повеќето од повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа. Според сведоците, израелските војници стрелале и врз медицинските тимови и цивили кои им помагае на повредените.

    Според израелската армија инцидентот почнал околу четири часот наутро, кога триесетина камиони со хуманитарна помош пристигнале на брегот на градот Газа, за да достават храна до Палестинците. Илјадници Палестинци ги опколиле камионите откако го поминале контролниот пункт на израелските безбедносни сили (ИДФ) во центарот на Газа, што довело до стампедо, при што загинале десетици Палестинци, а стотици повредени, а некои биле прегазени од камионите.

    Портпаролот на израелската Влада, Ави Химан изјави дека „трагедијата“ била предизвикана од возачите на камиони со хуманитарна помош, кои „налетале“ на толпата, при што загинале „десетици луѓе“.

    Неименуван израелски претставник изјави дека војниците отвориле оган кон „неколку луѓе“ откако насобраниот народ ги опколил камионите со хуманитарна помош.

    Високиот член на Хамас, Изат Ал-Ришек предупреди дека убиството на луѓето кои чекале помош може да доведе до неуспех на тековните разговори, кои имаат за цел ослободување на заложниците и прекин на огнот.

    – Преговорите не се отворен процес. Нема да дозволиме преговорите да бидат покритие за континуираните злосторства на непријателот врз нашиот народ во Појасот Газа – истакна Ал-Ришек.

    Канцеларијата на претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас го осуди „грдиот масакр извршен од израелската окупаторска армија“.

    „Убиството на голем број невини цивилни жртви кои ја ризикуваа својата егзистенција е составен дел од геноцидната војна извршена од окупаторската влада против нашиот народ. Израелските окупациски власти сносат целосна одговорност и ќе одговараат пред меѓународните судови, се наведува во соопштението.

    Белата куќа соопшти дека ги разгледува извештаите за израелскиот напад врз Палестинците, кои чекаа помош, опишувајќи го како „сериозен инцидент“.

    – Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства. Ова ја нагласува важноста од проширување и одржување на протокот на хуманитарна помош во Газа, вклучително и преку потенцијален привремен прекин на огнот – изјави портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност.

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги корегираше своите претходни прогнози дека прекин на огнот во Газа ќе се случи до понеделник.

    Бајден истакна дека извештаите за израелски напад врз Палестинците собрани околу камионите со хуманитарна помош ќе ги комплицираат разговорите за примирје и најверојатно до понеделник нема да се договори привремен прекин на огнот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img