Единаесетгодишното девојче кое исчезна во Грција, пронајдено е мртво со убодни рани во вратот, пренесуваат грчките медиуми.
Како што се наведува, роднина на девојчето го признал делото.
Василики Николопулу исчезнала вчера од областа Миртија во Пиргос, а денеска била пронајдена во областа Катарача со убодни рани на вратот. Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината мајка и беше активиран Amber alert со предупредување дека се смета дека девојчето е во животна опасност.
Во полициска станица бил донесен и вујкото на детето, кој на рочиштето признал дека го убил детето.
Службениците за обезбедување на Пиргос на снимката од надзорните камери виделе дека девојчето влегло во автомобилот на нејзиниот вујко и дека заедно ја напуштиле Миртија. Тој наводно ја прободел со шрафцигер во вратот.
Инаку, според грчките медиуми вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка.