Еден Австралиец дури двапати во иста недела го добил џекпотот бидејќи решил да плати два тикети поради расправија со сопругата.
Брачен пар од Дапто, јужно од Волонгонг, освоил два милиони долари откако мажот прво платил еден билет, но и идентичен билет за неговата сопруга, па и двајцата освоиле по милион долари.
Се започнало кога сопругот заборавил да ја плати сметката минатата недела, а тоа ја налутило неговата сопруга. Затоа купил две ливчиња со исти броеви кои неговата сопруга ги користела со децении.
„Мојата сопруга речиси три децении ги игра истите броеви и секогаш велеше дека еден ден ќе бидат извлечени“, рекол тој, а тоа се случило откако неговата сопруга во вторникот ги проверила билетите и открила дека тие добиле на еден тикет. Не знаела дека нејзиниот сопруг купил уште една идентична карта.
„Кога сфативме дека освоивме милион долари на еден тикет, помислив дека треба да и кажам за другиот идентичен тикет“, рекол тој и додал дека неговата сопруга за малку ќе се онесвестила откако тој и открил дека има уште еден добитен тикет.Дејли мејл .
Тие решиле да ја прослават својата добивка со семејството, а откриле дека парите ќе ги искористат за да му помогнат на семејството и да заминат на долг одмор.
„Ќе купиме куќа за нашата ќерка, ќе обезбедиме иднина за другите деца и внуци. Би сакал да патувам низ Австралија и да ја запознаам уште подобро“, рече тој.