More

    ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 18 АПРИЛ – ДЕНОТ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

    spot_img

    Денес во хотелот „Нова Ривиера“, по повод 18 април – Денот на културното наследство на УНЕСКО, започна дводневна конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“. Пред присутните амбасадори, професори и експерти, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

    Kulturno_nasledstvo_17042024002 Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверен сум дека преку презентациите на  научните согледувања и дебати, во текот на овие два дена, ќе придонесете во креирањето на нашите стратегии особено во областа на туризмот и заштитата на културното наследство.

    Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала мегународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО.Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот на заштитата на вековното природно и културно  богатство – истакна градоначалникот Пецаков.

    Конференцијата тематски е поделена на четири дела: Потенцијалите и перспективите на културниот туризам, Капацитетите и потенцијалите на културното наследство, Културното наследство и локалниот развој и Меѓународни стандарди, соработка и брендирање.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img