Две лица загинаа, а четворица се ранети кога маж почна да пука на улица во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две лица загинаа, а четворица се ранети кога маж (60) денеска почна да пука на улица во Париз.

Според новите информации, од четворицата ранети двајца се во тешка состојба.

Извештаите велат дека 60-годишен маж го извршил нападот во близина на курдски центар, јави БФМТВ.  Напаѓачот бил приведен, засега не се познати мотивите за нападот. Полицијата ги повика жителите на тој дел од Париз да избегнуваат таа област (10 арондисман) за движење.

 

 

– Се слушнаа седум, осум истрели – изјави за АФП сведок на престрелката, додавајќи: „Имаше општа паника“.

Медиумите јавуваат дека пукањето се случило во близина на просториите на курдското здружение, но сѐ уште официјално не е поврзано со таа организација.

 

Share This Article