More

    Алармантен извештај на Државниот завод за ревизија

    spot_img

    Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ преку објава на Фејсбук предпреди дека подолг период укажува на неправилностите во работењето на Фондот за здравство и на Министерството за здравство и на нивната негрижа граѓаните да добиваат еднакво достапни и опфатни здравствени услуги и лекови, како и на континуираната негрижа за самите институции, вработувајќи или ангажирајќи во нив некомпетентен кадар на сметка на стручен кадар кој недостасува во клучните сегменти.

    Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ефектот на ваквиот „учинок“ е извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за здравство, а таков случај е и извештајот на ревизијата за Онкологија.

    „Oва е показател дека не се корегирани слабостите и неправилностите на што ревизијата во континуитет укажува, како на пример за: (не)функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура, како и слабости во делот на контролите, неправилности и невоспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство и други неправилности.

    Во оваа прилика, а во контекст нa објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на ФЗО во 2022 година се осврнуваме на прашањето кое повторно се актуелизира, а тоа е: Зошто не е обновена Позитивната листа на лекови?

    Ова се одговорите:

    1.Власта на СДС и ДУИ високо го разработила механизмот на арбитрарно договарање и безкритериумско доделување и трошење огромни народни пари преку условни буџети, што ги користеле за се и сешто, без контрола. Ова може да се заклучи како сомнение и врз основа на податоците што се официјално објавени со годишните извештаи од ДЗР и од ФЗО (видливо и на овие слики со табели на кои јасно се прикажани овие официјални податоци).

    2.Споредбата на податоците укажува на огромниот тренд на додавање и трошење народни пари преку условни буџети од ФЗО, наместо регуларно и транспарентно дополнување на средства за здравствени услуги и лекови преку Позитивната листа!!!

    3. Евидентно е дека во 2017 година за условен буџет биле наменети 56,2 милиони денари, а во 2023 година само за 35 ЈЗУ дури 2,9 милијарди денари од кои 2,44 милијарди денари биле наменети за исклучително скапи лекови само за 12 клиники, без транспарентна постапка и критериуми за одлучување, а за сите останати здравствени потреби на 26 ЈЗУ во 2023 година ФЗО дал 439,87 милиони денари за условни буџети!!!

    Државниот завод за ревизија навел дека „Реализацијата на условниот надоместок во јавните здравствени установи нецелосно се следи од Фондот и не се вршени финансиски контроли на трошењето на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги за 2022 година предвидени со условни буџети“.

    Ова е само уште еден доказ дека здравството катастрофално назадуваше од неспособноста и корупцијата од СДС и ДУИ, за што одговорност мора да има.

    ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал и стручен кадар кој ќе работи домаќински, отчетно и одговорно и ќе се стави крај на ваквите штетни дејствија.

    Преку конкретни мерки и политики ќе покажеме дека фунционирањето како до сега ќе стане минато, а граѓаните ќе имаат можност да се уверат наменско трошење на средствата и тоа на секој еден денар преку транспарентни и фер постапки, ќе покажеме дека со домаќинско работење може да има средства за повеќе лекови и повеќе категории пациенти“, се наведува во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img